Утрински Весник
Свет

Бајден предлага замрзнатиот руски имот да се искористи за помош за Украина

Американскиот претседател, Џо Бајден, денеска ќе побара од Конгресот нова помош во износ од неколку милијарди долари и прераспределба на средствата запленети од руските олигарси за помош на Украина во војната против Русија, објави Белата куќа.

Помошта, наводно, ќе биде искористена за снабдување на украинската армија, зајакнување на државната економија и поддршка на милиони бегалци.

Американскиот претседател, исто така, ќе побара од Конгресот нови овластувања за зајакнување на американските санкции против руската влада и оние кои профитираат од војната, пренесува АП.

Можете да прочитате

Германскиот индустриски сектор секој месец се губи 15.000 работни места

Трамп ѝ се закани на ЕУ: „САД не се ваша касичка, ќе платите многу висока цена“

Хутите најавија одмазда по саудиските нападите врз Јемен