Утрински Весник
Свет

Грција ќе плаќа за рускиот гас на начин што нема да ги прекрши санкциите, вели министерот за енергетика

Грција планира да ја подмири сметката кон рускиот снабдувач со гас „Гаспром“ следниот месец, на начин што нема да ги прекрши санкциите на Европската унија против Русија, изјави денеска грчкиот министер за енергетика Костас Скрекас.

На главната грчка компанија за гас ДЕПА, на 25 мај и доспева сметката за исплата на „Гаспром“ за априлските испораки на гас, изјави Скрекас за грчкото радио „Скај“, без да прецизира во која валута ќе се врши плаќањето, пренесува „Ројтерс“.

„Ќе плаќаме на начин што нема да ги прекрши санкциите и со кој се обезбедува енергетската безбедност на нашата земја“, додал министерот.

Можете да прочитате

Багај ги спореди односите меѓу Иран и САД со конфликтите меѓу Рим и Персија

Најмалку 11 лица загинаа во израелски напад врз Либан

Украина бара итна седница на Советот за безбедност на ОН поради руските напади