Утрински Весник
Македонија

Притвор за разбојник кој со закана со нож одзел 1.000 евра од казино во Богданци

Гевгелиското основно јавно обвинителство донесе наредба за истражна постапка против лице од Богданци, за кое постои сомнение дека сторило кривично дело разбојништво.

Како што информираат од обвинителството, на 21. април, половина час по полноќ, осомничениот, маскиран во црно, со парче бетон го скршил стаклото од влезната врата на електронско казино на улицата „Маршал Тито“ во Богданци.

Кон оштетената вработена вперил нож и влегол од внатрешната страна на пултот каде што била касата. Од таму одзел вкупно 65.000 денари во различни апоени.

Судија на претходна постапка го прифатил предлогот на јавниот обвинител и на осомничениот му определил притвор во траење од 30 дена, бидејќи постојат околности кои го оправдуваат стравот дека тој ќе се даде во бегство, ќе ја попречува истрагата со влијание врз сведоците и дека ќе го повтори кривичното дело.

Можете да прочитате

Тешко повреден работник од Индија кој работел на автопатот Кичево – Охрид

Историска посета на индиската претседателка на Македонија: ново поглавје за извозот и трговските врски меѓу двете држави

Во понеделник наутро штрајк на грчките царински службеници на граничните премини