Утрински Весник
Македонија

Притвор за разбојник кој со закана со нож одзел 1.000 евра од казино во Богданци

Гевгелиското основно јавно обвинителство донесе наредба за истражна постапка против лице од Богданци, за кое постои сомнение дека сторило кривично дело разбојништво.

Како што информираат од обвинителството, на 21. април, половина час по полноќ, осомничениот, маскиран во црно, со парче бетон го скршил стаклото од влезната врата на електронско казино на улицата „Маршал Тито“ во Богданци.

Кон оштетената вработена вперил нож и влегол од внатрешната страна на пултот каде што била касата. Од таму одзел вкупно 65.000 денари во различни апоени.

Судија на претходна постапка го прифатил предлогот на јавниот обвинител и на осомничениот му определил притвор во траење од 30 дена, бидејќи постојат околности кои го оправдуваат стравот дека тој ќе се даде во бегство, ќе ја попречува истрагата со влијание врз сведоците и дека ќе го повтори кривичното дело.

Можете да прочитате

Уапсен 24-годишен возач од виничко, управувал возило без возачка дозвола и под дејство на алкохол и предизвикал сообраќајна несреќа

Муцунски: Охридскиот Регион останува на Листата на светско наследство на УНЕСКО

ВМРО-ДПМНЕ: Паниката и воајеризмот што СДС ги демонстрираше минатата година за време на пожарите, денес се префрлаат на темата со водоснабдувањето