Утрински Весник
Култура

Култните „Бој Харшер“ во Скопје

Култните „Бој Харшер“ во Скопје

Едно од најголемите имиња на електронската „dark wave“ сцена, култните „BOY HARSHER“, доаѓаат во Скопје.

На 14 мај во Младинскиот културен центар од 22 часот, скопјани ќе бидат сведоци на концерт кој ќе донесе сурова енергија, моќни индустриски призвуци и интимни лирики. Концертите на американскиот врвен електронски бенд „BOY HARSHER“ ги нарекуваат спектакли кои не смеат да се пропуштат, затоа што не носат напред во времето.

Оваа вечер ќе настапи и пост-индустрискиот музички проект базиран во Чикаго, САД – „HIDE“! Парот создава композиции-аудио колажи, користејќи комбинација од сопствени теренски снимки и аудио референци од поп-културата.

Официјалниот афтерпарти на овој настан ќе се оддржи во клубот „Минус еден“ со диџеј сетови на Martchin и Andreas Hz од колективот BTKRSH.

Текстот Култните „Бој Харшер“ во Скопје е превземен од МАКФАКС.

Можете да прочитате

Се заострува режимот за градби во старото градско јадро на Охрид 

Костадиновска-Стојчевска: Со отворена соработка со УНЕСКО и заеднички активности ќе го штитиме природното и културното наследство во Охрид

19 романи избрани во првата селекција за наградата „Роман на годината“