Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

(Видео) Муцунски: 100.000 евра инвестиција во училиштето „Ѓорѓија Пулевски“, во септември нова градинка

(Видео) Муцунски: 100.000 евра инвестиција во училиштето „Ѓорѓија Пулевски“, во септември нова градинка
300x250 opst2

Во основното училиште „Ѓорѓија Пулевски“ започнаа активности за средување на дворот во основното училиште и спортската и рекреативна инфраструктура со инвестиција од над 100.000 евра.

Како што истакна Градоначалникот на Општина Аеродром, во истиот момент има градежни работи во основното училиште „Блаже Конески“, таму има целосна промена на фасадата. При крај се работите поврзани со проект за проширување и реконструкција на истото училиште на „Блаже Конески“. И наскоро таму ќе се започне со работа.

Тој додаде дека инвестициите во образовната инфраструктура исто така продолжуваат и кај основното училиште „Гоце Делчев“ каде што ќе има проширување на капацитетите и реконструкција на училиштето.

Муцунски најави дека во месец септември ќе отпочне со работа нова градинка, а после тоа ќе се отпочне со градежни работи на уште најмалку две нови градинки.

Тој додаде дека нивниот приоритет е образовната инфраструктура, уличната инфраструктура, инфраструктурата поврзана со рекреацијата, а најави и изградба на три нови детски игралишта, Стар Аеродром, Реонски центар, Ново Лисиче.

Можете да прочитате

ЕВН на терен: Непланиран прекин на електрична енергија на превој „Стража“ и повеќе кичевски села

Мицкоски: На овие избори бираме каде да се движи државата – одлуката не е едноставна

Филипче: Да не се проектите на СДСМ, Мицкоски нема ни каде да се слика, има нула инвестиции