Утрински Весник
Свет

Романија ги пензионира „миговите“ поради висока стапка на несреќи

Романија ги пензионира „миговите“ поради висока стапка на несреќи
Img 5587

Романија, како членка на НАТО, ја повлече својата флота од борбени авиони „миг 21 лансер“ поради нивната висока стапка на несреќни случаи и ќе го забрза планираното купување на користени авиони Ф-16 од Норвешка. Овој потег не е поврзан со руската инвазија на Украина, со која Романија дели 650 километри граница, тврдат тамошните власти.

Романија ќе продолжи да лета со својата мала флота од авиони Ф-16 што ги купи од Португалија, соопшти Министерството за одбрана. Воздушниот простор на Романија го бранат сојузничките сили како дел од заштитата на источното крило на НАТО.

Ss1

Романија купи Ф-16 од Португалија во 2016 година за да започне со пензионирање на „миговите“ од советската ера. Министерството најави дека ќе го забрза процесот за купување на уште 32 авиона од тој американски модел од Норвешка.

Последната несреќа на романски „миг“ 21 се случи на почетокот на март, кога во несреќата загина пилот. Седум војници кои беа испратени во потрага по урнатиот авион загинаа во хеликоптерска несреќа.

Романија, членка на НАТО од 2004 година, планира следната година да ги зголеми трошоците за одбрана на 2,5 отсто од БДП од 2 отсто колку што се сега, рече претседателот Клаус Јоханис минатиот месец. Во земјата моментно има 3.000 војници на НАТО, а на нејзина територија ќе биде поставена и постојана борбена група на сојузот.

Ss1

Можете да прочитате

САД и Израел се обидуваат да го спречат Меѓународниот кривичен суд да издаде налог за апсење на Нетанјаху

Двајца Украинци избодени со нож во трговски центар во Германија, уапсен Русин

Илон Маск во ненајавена посета на Кина