Утрински Весник
Македонија

Претрес во скопско Љубанци, пронајдени оружје и муниција

Претрес во скопско Љубанци, пронајдени оружје и муниција

Приведен 75-годишен жител на селото Љубанци, кај кого при претрес на неговиот дом е пронајдено оружје и муниција.

Според информациите, вчера од страна на Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога и оружје во координација со полициски службеници од Единицата за недозволена трговија – Одделение за недозволена трговија со оружје и експлозивни материи при СВР Скопје, ЕВР – Одделение за криминалистички работи Чаир и Единицата за службени кучиња, по претходно добиена наредба од Основен кривичен суд Скопје, извршен е претрес на дом и други простории кај Д.К.(75) од с.Љубанци.

При претресот се пронајдени еден револвер „Застава“, еден револвер “Ekol viper”, еден сигнален пиштол, три рамки за муниција, две цевки – пригушувачи, 24 куршуми, шест рамки од пушки, еден самострел “Lightning by Barnett”, четири стрели за самострел.

Д.К. е лишен од слобода, приведен и задржан во полициска станица, во текот на денот ќе биде изведен пред Судија на претходна постапка, а по документирање на случајот против него ќе биде поднесен поднесок за сторено кривично дело по член 396 од Кривичниот законик.

Можете да прочитате

Без врнежи ќе бидеме цела оваа недела, Африканскиот топол бран продолжува!

ЦУК: Активни четири пожари, изгаснати осум

Кондарко: Потребен ни е нов Изборен законик, независните кандидати ќе можат да учествуваат на избори без собирање на потписи