Утрински Весник
Македонија

Свежо утро, а преку денот потопло со слаб северен ветер

Свежо утро, а преку денот потопло со слаб северен ветер

Денеска ќе имаме свежо утро, а преку денот ќе биде сончево и малку потопло со слаб претежно северен ветер, информира УХМР. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 4, а максималната ќе достигне од 17 до 23 степени.

Во Скопје, времето ќе биде сончево и малку потопло со слаб северен ветер.

Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне 22 степени.

До петок ќе преовладува претежно сончево време и наутро постудено, а преку денот со се повисоки температури. В сабота облачноста ќе се зголеми и ќе има услови за слаб локален дожд. Врнежите ќе бидат пообилни в недела и в понеделник кога ќе дува засилен северен ветер и ќе има позначително спуштање на температурите.

Можете да прочитате

Вработените на Урологија се откажале од субвенции за телефони за да купат клими за болничките соби

Независните со сериозна шанса да му ги поматат сметките на Мицкоски на локалните избори

Лебот оставен на улица: Колку сте сигурни во хигиенските услови на храната?