Утрински Весник
Македонија

Пресечен меѓународен транспорт на дрога во вредност од 50 илјади евра, приведени две лица

Пресечен меѓународен транспорт на дрога во вредност од 50 илјади евра, приведени две лица

На 8 април полицијата спречила меѓународен транспорт на дрога во вредност од 50 илјади евра, што требала да биде пренесена од нашата држава до Грција. Во акцијата, приведени се две лица.

„ По преземени мерки и активности во координација со Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, во попладневните часови во с.Мрзенци била запленета марихуана, спакувана во 20 полиетиленски пакувања кои биле сместени во 2 торби, а на 11.04.2022, по обезбедени материјални докази, биле приведени Т.П.(30) од Валандово и Ј.Р.(31) од Гевгелија, при што се запленети две возила и неколку мобилни телефони.

Денеска (12.04.2022) од страна на СВР Струмица – ОВР Гевгелија до надлежното ОЈО Гевгелија е поднесена кривична пријава по чл.215 ст.1 од Кривичниот законик и лицата ќе бидат спроведени до Судија на претходна постапка од Основен Суд Гевгелија“.

Можете да прочитате

Обид за убиство во Струшко, едно лице тешко рането

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче во говорот не објасни зошто СДС е петта партија во Скопје

Грабеж во куќа во Чаир однесени накит, пари и лаптоп