Утрински Весник
Македонија

Притвор за велешанец, кој со пушка се шетал по улица

Притвор за велешанец, кој со пушка се шетал по улица

Основното јавно обвинителство Велес донесе Наредба за спроведување истрага против 20-годишник од Велес, кој се шетал по улица со пушка.

Според информациите од обвинителството, на 18 февруари, осомничениот неовластено држел огнено оружје – пушка марка „Баикал“ од руско производство, со калибар 12 милиметри, со две цевки со внатрешни ударни механизми и автоматска кочница. Движејќи се по улица во Велес, оваа пушка ја носел со себе, кога го запреле полициски службеници.

Поради околности кои упатуваат дека осомничениот може да се даде во бегство или да го повтори кривичното дело, до судијата на претходна постапка е доставен предлог за определување мерка притвор против осомничениот. Судијата го прифати предлогот и на осомничениот му определи притвор во траење од 30 дена.​​

Можете да прочитате

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче во паника за да ја зачува фотелјата во СДС ја турка партијата кон бездна

Обилни врнежи во Македонија, дождот преминува во снег и во градовите

Левица: „Право на војна” – вмровските кадри во МНР до апсурд ја правдаат агресијата врз Иран