Утрински Весник
Економија

Поранешниот советник на Путин: Целосното ембарго на нафта може да стави крај на војната

Поранешниот советник на Путин: Целосното ембарго на нафта може да стави крај на војната

Андреј Иларионов, поранешен економски советник на рускиот претседател Владимир Путин, рече дека целосното западно ембарго на руската енергија може да стави крај на војната во Украина.

Иларионов изјави дека Русија не ги сфаќа сериозно заканите на другите земји дека ќе го намали користењето на руската енергија, пренесува агенцијата Бета, повикувајќи се на Би-Би-Си.

– Се обложувам дека за месец или два веројатно ќе биде прекината руската воена операција во Украина. Тоа е еден од поефикасните инструменти што ги поседуваат западните земји – рече тој.

И покрај обидите да се намали нејзината зависност од руската енергија, европските земји продолжуваат да купуваат нафта и гас од Русија.

Според податоците од минатата година, нафтата и гасот сочинуваат 36 отсто од приходите на руската влада, а мнозинството е Европската унија, која увезува 40 отсто од резервите на гас и 27 отсто од нафтата од Русија.

– Тоа е еден од многу ефикасните инструменти што се уште го имаат западните земји – додаде Иларионов.

Можете да прочитате

Пак пропадна тендерот за набавка на електрични автобуси

Левица: Наместо укинување на онлајн коцкањето – владиниот закон спрема приватизација на онлајн бизнисот со коцка

Вицегувернерката Митреска на БИС: Силен банкарски сектор, но и натаму се потребни претпазливи политики