Утрински Весник
Спорт

Историско остварување на Никола Јокиќ

Историско остварување на Никола Јокиќ

Никола Јокиќ, актуелниот МВП во НБА лигата, влезе во историјата на најсилната кошаркарска лига во светот. Јокиќ стана првиот играч кој во регуларниот дел од сезоната забележал најмалку 2.000 поени, 1.000 скокови и 500 асистенции.

Денвер со победата над Мемфис 122:109 ја обезбеди шестата позиција во Западната конференција. Јокиќ натпреварот го заврши со 35 поени, 16 скокови и шест асистенции.

Центарот на Денвер по само 50 секунди игра доби удар во главата, крвареше, повредата му беше санирана и го продолжи мечот. Против Мемфис одигра 35 минути.

Покрај Јокиќ, кај Денвер се истакнаа Ерон Гордон со 22, односно Вил Бартон и Бонзи Хајленд со по 16 поени.

Во редовите на Мамфис седум кошаркари постигнаа двоцифрен број на поени.



> Историско остварување на Никола Јокиќ <

Можете да прочитате

Легендарниот аргентински бек стави крај на репрезентативната кариера

Алкараз се враќа на терените – пријавен е за УС Опен

Бекам заработи 25 милиони долари за време на Светското првенство во 2026 година, Шакира 20, Бибер 16 милиони долари