Утрински Весник
Свет

Кина: Снимката од Буча е крајно вознемирувачка, но треба да се почекаат резултатите од истрагата

Кина: Снимката од Буча е крајно вознемирувачка, но треба да се почекаат резултатите од истрагата

Кина денеска ја опиша снимката како „крајно вознемирувачка“ по откривањето на телата во Буча, Украина, но не сакаше да ја обвини Русија, пишуваат медиумите во светот.

Анализираат дека додека снимките од градот ослободен по руската окупација предизвикаа општа осуда на Москва и повици за построги меѓународни санкции, Пекинг остана воздржан и одби да го обвини рускиот сојузник.

„Информациите и снимките од загинатите цивили во Буча се крајно вознемирувачки“, изјави за новинарите портпаролот на кинеската дипломатија Жао Лиџијан. „Но, сите обвинувања мора да се засноваат на факти и хуманитарната ситуација не треба да се меша со политиката“, додаде тој.

Русија ја отфрли одговорноста за масакрот во Буча и рече дека тоа е претстава во режија на Киев. Соединетите Американски Држави ги повикаа сторителите да бидат изведени пред лицето на правдата и да им се суди за воени злосторства.

„Пред да бидат објавени резултатите од истрагата, сите страни мора да се воздржат од неосновани обвинувања“, рече Лиџијан.

Пекинг штотуку ги повика сите страни да користат најголема воздржаност, повикувајќи го Западот да ја почитува разумната загриженост на Русија за нејзината безбедност.

Можете да прочитате

Неколку лица се водат како исчезнати во свлечишта и поплави низ Нов Зеланд

Пукање во Австралија: Тројца мртви, едно лице рането, убиецот во бегство

Пукање во Австралија: Тројца мртви, едно лице рането, убиецот во бегство