Утрински Весник
Македонија

Почина новинарот Владимир Богоев, еден од основачите на „Дневник“

Почина новинарот Владимир Богоев, еден од основачите на „Дневник“

На 60-годишна возраст почина новинарот Владимир Богоев.

Тој беше еден од основачите и долгогодишен уредник на весникот „Дневник“.

Веста за неговата смрт ја објави на социјалните мрежи неговиот син,  поранешниот градоначалник на Карпош, Стефан Богоев.

„Тажен сум зошто го нема, пресреќен сум зошто го имав во животот. Човечиште во секоја смисла на зборот, бескрајно скромен и секогаш спремен да помогне. Ти благодарам што си ми татко, ти благодарам за сè! Еден ден, ќе бидеме заедно пак, ќе зборуваме за политика, ќе се закачаме за Барса и Реал… А дотогаш, со зборовите на твоите Queen, Show must go on…“, напиша Богоев.

Богоев ја почна новинарската кариера во „Вечер“ во 1988 година, по што се вработи во „Дневник“ во 1996 година.

Можете да прочитате

Над 1.800 вработени во јавното здравство поднеле судски тужби против своите установи

Полицијата ја уапси сопственичката на крави од Паланка

Национален младински форум „Тука сме за да останеме!”