Утрински Весник
Македонија

Маричиќ: Акциската програма за 2023 година во рамките на ИПА III, со вредност од околу 108 милиони евра

Маричиќ: Акциската програма за 2023 година во рамките на ИПА III, со вредност од околу 108 милиони евра

Денес во Владата се одржа првиот од двата состаноци на ИПА Програмската мисија за 2023-2024 година, на кој присуствуваа претставници на Генералниот директорат на Европската Комисија за соседство и преговори за проширување и претставниците на министерствата.

Вицепремиерот задолжен за европски прашања и Национален ИПА координатор, Бојан Маричиќ истакна дека веќе е започнато програмирањето на Акциската програма за 2023 година во рамките на ИПА III, што тој го гледа како можност плус за финансирање на националните инвестициски приоритети, кои се во согласност со економскиот и инвестицискиот план, како и Зелената агенда.

„ Процесот на програмирање ќе резултира со добро осмислена програма од близу 108 милиони евра, што е во согласност со инструкцијата за добивање +20% од доделените средства во 2021 година, рече на состанокот Маричиќ додавајќи дека ИПА фондовите носат големи придобивки за граѓаните и несомнено тоа е една од најуспешните приказни на процесот на европска интеграција, додаде Маричиќ.

Своја презентација на состанокот имаа и гостите, кои во текот на првиот ден од оваа мисија, колеги од ДГ НЕАР, информира со најновите случувања на правилата и процедурите на ИПА. Утрешниот ден ќе биде посветен на презентации на нашите институции за приоритетните проекти кои се релевантни и зрели да бидат предложени во рамките на Годишната акциона програма за 2023 година.

Вицепремиерот и Национален ИПА координатор на состанокот укажа на чекорите што беа преземени во претходниот период со цел да се даде рамка на дијалогот за креирање политики што треба да ги обликува не само програмите на ИПА, туку и другата донаторска помош.

Целта на мисијата е размена на мислења за Инструментот за претпристапна помош – ИПА III, првенствено за правната рамка и институционалните барања, како и инструкции за критериумите за подобност и комплементарноста на регионалните ИПА програми, вклучително и WBIF.​

Можете да прочитате

Армијата активно е вклучена во гаснењето на пожарите на територијата на државата

Херојот на Скопје: Пожарникарот Тони Пигуловиќ 48 часа во борба со пламените јазици

ИЈЗ со препораки за заштита на здравјето на населението од пожар