Утрински Весник
Свет

Британско Министерство за одбрана: Руски платеници пристигнаа во Донбас

Британско Министерство за одбрана: Руски платеници пристигнаа во Донбас

Руски војници и платеници од групата „Вагнер“се префрлаат во регионот Донбас во источна Украина, соопшти британското Министерство за одбрана.

„Руските трупи продолжуваат да се консолидираат и реорганизираат додека ја пренасочуваат својата офанзива кон регионот на Донбас во источна Украина“, соопшти Министерството за одбрана во последното ажурирање на разузнавањето.

Во меѓувреме Русија поради Буча бара состанок на Советот за безбедност на ОН.

„Во светло на грозоморната провокација на украинските радикали во Буча, Русија побара состанок на Советот за безбедност на ОН во понеделник“, напиша на Твитер Дмитриј Пољански, заменик-претставник на Советот за безбедност на ОН за Русија.

Можете да прочитате

Тројца мажи во Јордан осудени на смрт за минатомесечниот напад врз православна црква

„Мета“ во Италија казнета со 805 милиони евра поради пристап до фотографиите на корисниците на „Андроид“ без нивна дозвола

Украина и Русија договараат размена на најмалку илјада воени заробеници