Утрински Весник
Економија

Медведев: Имаме тивко, но опасно оружје

Медведев: Имаме тивко, но опасно оружје

Поранешниот претседател на Русија, Дмитри Медведев има нов предлог.

Заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија, предложи да се прошири списокот на производи од непријателски земји на кои им е забранет увоз во Русија, велејќи дека Русија нема да купува ништо од таквите земји. Тој објасни и кое е тоа тивко, но застрашувачко оружје што го има Русија.

„ Ние нема да ги продаваме нашите стоки и земјоделски производи на нашите непријатели. Исто така, нема да купиме ниту една од нив (иако не сме ги купиле од 2014 година, но списокот на стоки на кои им е забранет увоз во Русија може да се прошири), напиша тој на неговиот канал на „Телеграм“.

Медведев, исто така, објасни дека Русија ќе продава храна и земјоделски култури само на пријателски земји: и за рубли и за нивната национална валута во договорени количини, пренесува „Спутник“.

„ Нашата храна и земјоделски култури ќе ги продаваме само на нашите пријатели (за среќа ги има многу надвор од Европа и Северна Америка). Тие ќе можат да плаќаат во рубли и во нивната национална валута во договорените количини“, посочи тој.

Според Медведев, домашниот пазар ќе има приоритет во снабдувањето со храна, а властите ќе им помогнат на земјоделците и ќе ги контролираат цените.

„ Нашиот домашен пазар ќе има приоритет во испораката на стоки, како и контрола на цените, а државата истовремено ќе продолжи опширно и систематски да им помага на земјоделците“, нагласи тој.

Медведев рече и дека руската храна е тивко, но опасно оружје на Русија.

Можете да прочитате

Мазутот бил со соодветен квалитет, РКМ им заштедило на граѓаните милиони кои би ги платиле со повисоки сметки за струја!

Во мај 96,5 отсто од потрошената струја од домашно производство

ЕЦБ го нагласи приклучувањето на земјава кон иницијативата за инстант плаќања