Утрински Весник
Свет

Белата куќа: Имаме докази дека Путин не го постигна тоа што сакал, повторно ги дефинира целите

Белата куќа: Имаме докази дека Путин не го постигна тоа што сакал, повторно ги дефинира целите

Војната во Украина е стратешка катастрофа за Русија и „стратешки неуспех за Путин, изјави портпаролката на Белата куќа, Кејт Бедингфилд.

Таа рече дека сега има непобитни докази oти војната, која трае повеќе од еден месец, не го постигнала она на што се надеваше рускиот претседател Владимир Путин, што го поттикнало Кремљ, како што рече, да ги редефинира првичните цели.

„Применетите санкции нанесуваат екстремни трошоци за руската економија“, рече Бедингфилд, која најави дополнителни санкции за руските технолошки компании што ја овозможиле војната на Путин.

„Ќе ги спречиме да набавуваат западна технологија и да избегнат остри санкции. Исто така, ќе ги прошириме санкциите на дополнителни сектори на руската економија важни за Путин, вклучително и секторите за авијација, поморство и електроника“, додаде таа.

Можете да прочитате

Арагчи предупреди: Нов конфликт со Иран ќе им донесе многу повеќе изненадувања на САД и Израел

Русија и Кина ги усогласија маршрутата и начинот на градба на новиот гасовод

Прогласена воздушна опасност во Литванија, армијата апелира до граѓаните веднаш да побараат безбедно место