Утрински Весник
Македонија

Жичницата на Водно од утре ќе работи еден час повеќе

Жичницата на Водно од утре ќе работи еден час повеќе

Жичницата на Средно Водно од утре (1 април) ќе работи еден час повеќе, односно од 10 до 18 часот.

Како што информираат од ЈСП, во согласност со одлуката за возен ред за април, од 17 до 17.30 часот е последно возење од долу кон врвот, односно во 17.45 часот е последно возење од врвот надолу.

„Секој понеделник и секој последен вторник во месецот за жичницата се неработни денови.

Во согласност со ковид-протоколите, во кабина е дозволен превоз до четири лица и задолжително е носење заштитна маска.

Повратен билет чини 100 денари, а на жичницата е дозволен и превоз на домашни миленичиња (куче, маче) за што на услуга се отстапуваат транспортери“, се наведува во соопштението на ЈСП.

Можете да прочитате

СДСМ: Обидите на ВМРО за рушење на СДСМ продолжуваат преку Шилегов

Силјановска – Давкова: Не можеме да бидеме Пенелопа, која, чекајќи го Одисеј, постојано го менува Уставот по барање на некој однадвор

СДСМ: ЗНМ и ССНМ немаат реакција за ова од Героски?