Утрински Весник
Свет

(Видео) Терористички напад за време на посетата на Блинкен: Убиени двајца полицајци во Израел

(Видео) Терористички напад за време на посетата на Блинкен: Убиени двајца полицајци во Израел
Dik 300x250 mk

Двајца арапски напаѓачи синоќа убија двајца полицајци на улица во Израел и беа застрелани, а американскиот државен секретар Ентони Блинкен и тројца арапски министри за надворешни работи ја посетија земјата на самитот, јавува „Ројтерс“.

Исламската држава ја презеде одговорноста за нападот во соопштение објавено на нејзиниот профил на „Телеграм“.

Двајцата напаѓачи во Хадера, град на 50-ина километри северно од Тел Авив, биле арапски државјани на Израел и симпатизери на групата, соопштија израелските безбедносни претставници.

„Го осудуваме денешниот терористички напад во Хадера, Израел. Во општеството нема место за вакви бесмислени акти на насилство и убиства. Стоиме покрај нашите израелски партнери и им изразуваме сочувство на семејствата на жртвите“, напиша американскиот државен секретар Ентони Блинкен, на „Твитер“.

Можете да прочитате

Еден милион корисници на ChatGPT неделно сакаат да се самоубијат, објави OpenAI

По земјотресот со јачина од 6,1 степен, повеќе од 100 последователни потреси во Турција

Украинците погодија брана во Русија