Утрински Весник
Спорт

За Катар има уште 12 слободни места, за едно од нив се бори Македонија

За Катар има уште 12 слободни места, за едно од нив се бори Македонија
300x250 (7)

Канада е 20.репрезентација која обезбеди место на Светското првенство во Катар. Канаѓаните, го освоија првото место во квалификациите во Средна и Северна Америка и по пауза од 36 години повторно ќе играат на најголемата фудбалска смотра.

Покрај Канада од оваа квалификациска зона, извесно е дека на СП ќе играат САД односно Мексико.

300x250 (7)

Канада им се приклучи на Катар, Бразил, Данска, Белгија, Франција, Хрватска, Шпанија, Србија, Швајцарија, Англија, Холандија, Аргентина, Иран, Јужна Кореја, Саудиска Арабија, Јапонија, Еквадор и Уругвај.

За Мундијалот останаа слободни уште 12 места. За едно од нив, утре ќе се бори Македонија. Од 20.45 часот на „Драгао“ во Порто, Македонија ќе и гостува на Португалија.

Од Европа во Катар треба да одат уште три селекции. Покрај дуелот Португалија-Македонија, утре ќе играат Шведска и Полска. Последниот бараж меч ќе се одигра во јуни, Велс го чека победникот од дуелот Шкотска-Украина.

Во вторник ќе се одиграа реваншите во африканската зона, кога и ќе бидат сите учесници, вкупно пет, од овој континет.

Последните две селекции ќе бидат познати по одигрувањето на Интер континенталните баражи.

Во првиот ќе играат петтопласираните од Азија и Јужна Америка, а во вториот четвртопласираната репрезентација од Средна и Северна Америка (веројатно Костарика) ќе игра против претставникот на Океанија.

> За Катар има уште 12 слободни места, за едно од нив се бори Македонија <

Ss1

Можете да прочитате

Нов кикс на Ливерпул, сè подалеку од титулата

Лудница во спринтот во Херез, победи Мартин

Кикбоксерот Бобан Илиоски светски првак во ВАКО ПРО