Утрински Весник
Спорт

Кавани на пат кон Сан Себастијан

Кавани на пат кон Сан Себастијан

Единсон Кавани по завршувањето на сезоната ќе го напушти Манчестер јунајтед. Интерес за 35-годишниот напаѓач покажуваат неколку клубови од Европа и Јужна Америка.

Шпански „АС“, тврди дека Кавани кариерата ќе ја продолжи во Реал Сосиедад. Клубот од Сан Себастијан сака да го ангажира на местото на Александер Исак. Младиот Швеѓанец сигурно ќе си замине од „Реале арена“.

Кавани, има лоша сезона во Манчестер јунјатед, има проблеми со повредите, а падна во втор план по доаѓањето на Кристијано Роналдо.

Најдобриот стрелец во историјата на ПСЖ во 2020 година, како слободен играч се пресели во Манчестер јунајтед, претходно играше во Палермо и Наполи.

> Кавани на пат кон Сан Себастијан <

Можете да прочитате

Арсенал и Баерн обезбедија место во осминафиналето на Лигата на шампионите

Заврши првата фаза на Европското првенство во ракомет

Ѓоковиќ се пласираше во третото коло на Австралија опен