Утрински Весник
Македонија

СДСМ: Две години во НАТО, две години молк на Мицкоски за овој успех

СДСМ: Две години во НАТО, две години молк на Мицкоски за овој успех

Државата веќе две години е полноправна членка на НАТО, безбедна, сигурна и силна, а исто толку време Христијан Мицкоски молчи за овој успех, молчи за остварувањето на една од националните стратешки цели, се вели во соопштението од СДСМ.

Мицкоски не смогна сили ниту да аплаудира во Собранието при ратификацијата на членството во НАТО, а времето покажа дека политиките на ВМРО-ДПМНЕ да ги блокира одлуките во Собранието, Референдумот и Договорот од Преспа беа погрешни и на штета на државата.

За жал, воената агресија врз Украина, покажа колку е важно што Република Северна Македонија е членка на НАТО. Благодарение на тој успех, граѓаните можат да бидат спокојни, бидејќи НАТО значи безбедност и сигурност.

СДСМ ја оствари стратешката цел за членство во НАТО и продолжува со реализирање и втората стратешка цел, членство на државата во ЕУ, се вели во соопштението.

Можете да прочитате

Јавната администрација ќе се намали и реорганизира, најави Минчев

СДСМ: Советници открија дива депонија во Илинден – наместо расчистување, добија закани од власта

Алиу: Заеднички ќе изградиме модерна стоматологија, која е пример за интегритет во општеството