Утрински Весник
Македонија

Во Битола пронајдени четири гранати од Првта светска војна

Во Битола пронајдени четири гранати од Првта светска војна

Три артилериски гранати со калибар 75 мм кои потекнуваат од Првата светска војна, се пронајдени вчера на магистралниот пат А3, кракот Прилеп – Ресен, во близина на тунелот кај место викано „Германски гробишта“.

Во близина на северната трибина на Градскиот стадион „Под Тумбекафе“ била пронајдена уште една артилериска граната со ист калибар, која исто така потекнува од Првата светска војна.

Гранатите биле безбедно подигнати од пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување.

Можете да прочитате

Филипче: Одложувањето на законите за МВР и полиција е победа на СДСМ

Тошковски: Го одложуваме новиот Закон за внатрешни работи за СДСМ да нема алиби за изборниот дебакл што ги очекува

СДСМ: Филков и Правда веднаш да одговорат: Дали документите за Груевски се испратени?