Утрински Весник
Свет

Белата куќа: Бајден ќе го повика слободниот свет да застане против Путин

Белата куќа: Бајден ќе го повика слободниот свет да застане против Путин

Американскиот претседател Џо Бајден во говорот од Полска ќе истакне дека „слободниот свет“ се противи на руската инвазија на Украина и дека постои единство меѓу големите економии за потребата да се запре Владимир Путин, соопшти Белата куќа.

По тридневните итни состаноци со сојузниците од Г7, Европскиот совет и НАТО, како и посетата на американските војници во Полска, Бајден ќе се сретне со полскиот претседател Анджеј Дуда.

Во говорот во Полска, Бајден „ќе даде забелешки за обединетите напори на слободниот свет да го поддржи народот на Украина, да бара одговорност од Русија за нејзината брутална војна и да ја брани иднината која е вкоренета во демократските принципи“, се вели во соопштението на Белата куќа.

Претходно Белата куќа соопшти дека Бајден во Полска ќе одржи важен говор.

 

Можете да прочитате

Најмалку 750 мртви во поплавите и лизгањето на земјиштето во Непал, властите предупредуваат за зголемување на нивоата на реките

Поплави во Јапонија, 111.000 луѓе повикани да се евакуираат

Едно лице е убиено, а пет се повредени во пукотница на техно фестивал во Швајцарија