Утрински Весник
Спорт

Малерот Азар на нова операција, во аут до крајот на сезоната!

Малерот Азар на нова операција, во аут до крајот на сезоната!
Dik 300x250 mk

Еден Азар ќе мора да оди на нова операција на десната нога, потврдија од Реал Мадрид по што, најверојатно, белгиското крило ќе го пропушти остатокот од сезоната во уште еден малер што го следи на „Сантијаго Бернабеу“.

Азар немаше играно за Реал повеќе од еден месец откако беше замена за пет минути од мечот против Алавес на 19 февруари по што постојано беше на клупата, но ниту еднаш не доби шанса од Карло Анчелоти.

„Во следните неколку дена нашиот фудбалер Еден Аар ќе оди на операција за отстранување на плочката во десната фибула“, се вели во објавата на Реал Мадрид.

31-годишниот Белгиец оваа сеона има само 8 старта во 21 меч, кој ги одигра под Карло Анчелоти. Од скапиот трансфер од Челси во јули 2019 година, Азар има само 65 настапи за „кралевите“ по што шпанските медиуми тврдат дека ова лето ќе се обидат да го продадат и да се ослободат од неговата висока плата. Азар има договор до 2024 година.

> Малерот Азар на нова операција, во аут до крајот на сезоната! <

Можете да прочитате

Токтасинов почина на 36 години – спортскиот свет во неверување

Ѓоковиќ донесе одлука за настапот на завршниот Мастерс

Почина екс тренерот на Шкупи, колабирал на терен