Утрински Весник
Македонија

Запленети над 25 кубика дрва за огрев во Прилепско

Запленети над 25 кубика дрва за огрев во Прилепско

Вчера, во периодот од 18 до 24 часот, полициски службеници од Полициското одделение Ропотово и Полициската станица Прилеп при СВР Битола во содејство со Шумската полиција Прилеп, при спроведена акциска контрола во с. Гостиражни, од Љ. Н. (38) и М. Н. (49) од с. Гостиражни биле одземени приближно 11 кубни метри нежигосани дабови дрва без соодветна документација.

Исто така, над с. Гостиражни биле пронајдени околу 8 кубни метри нежигосани дабови дрва, кои ќе ѝ бидат предадени на Шумската полициjа Прилеп, а на подрачјето над вештачкото езеро во Прилеп било затекнато лицето Џ. А. со запрежна кола натоварена со нежигосани дабови дрва од речиси 1,5 кубен метар и моторна пила, кои биле одземени.

Во тој дел биле пронајдени и бесправно исечени околу 5 кубни метри огревни дрва. Пронајдените дрва биле подигнати од Шумската полиција Прилеп, а по целосно документирање на случаите, ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

Можете да прочитате

Филипче: Посебна Анкетна комисија за трагедијата во Кочани, тоа е барање на родителите

Адем Чучуљ едногласно избран за нов претседател на Антикорупциска

Игор Николоски назначен за заменик градоначалник на Прилеп