Утрински Весник
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Додека врсниците на Каевски едвај врзуваат крај со крај, тој ниже милиони

ВМРО-ДПМНЕ: Додека врсниците на Каевски едвај врзуваат крај со крај, тој ниже милиони

Дарко Каевски, исто како и Зоран Заев и Димитар Ковачевски е пример како во политиката се влегува како голтар, а се излегува милионер, велат од ВМРО-ДПМНЕ како реакција на изјавата на портпаролот на СДСМ.

Во реакцијата се посочува дека Дарко Каевски на само 30 години, без еден ден работа во реален сектор, само од функционерска плата успеал да се стекне со 4 милиони во банка и стан.

„Додека врсниците на Каевски едвај врзуваат крај со крај, тој ниже милиони. Принципот на Каевски е копија на неговите шефови Заев и Ковачевски. Ковачевски беше косопственик во фирми за фотоволатици, а синот на Заев сега отвори фирма за трговија со струја и на само 18 години влезе во овој милионски бизнис“, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Можете да прочитате

Стојаноски: Како мнозинство, ние сме први кои што сакаат да се расчистат немилите случаи и трагедии

СДСМ има совет за Сиљановска: Имате доволно години и искуство да не го слушате вашиот водач Груевски

Николоски од денеска е во работна посета на Брисел