Утрински Весник
Македонија

Приведен крадец, одземеното вратено на сопственикот

Приведен крадец, одземеното вратено на сопственикот

На 20.3.2022 во 23.00 часот, полициски службеници од Полициската станица Бит-пазар го лишиле од слобода Џ.Д.(48) од Скопје.

Тој се сомничи дека дека околу 21:00 часот со употреба на сила влегол во подрумска просторија на ул. Емин Дураку , сопственост на А.Џ.(29) од Скопје и одзел повеќе предмети.

Тој бил приведен во полициска станица и со него бил извршен службен разговор.

Одземените предмети биле пронајдени и вратени на сопственикот, а по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена пријава по член 236 од Кривичниот законик.

Можете да прочитате

Николоски: Заради хистеријата што ја создава Левица, не се носат планови, не се гради и расте цената на стaновите, а млaдите се иселуваат 

Мицкоски: Во услови на криза и наследени проблеми имаме највисок раст на БДП во регионот и гледано просечно по квартали тој е два пати подобар од времето на СДСМ и ДУИ

СДСМ: Бедните 7% за платите со кои мафта Мицкоски се веќе изедени од покачените цени