Утрински Весник
Спорт

Нема место за Меси во идеалниот тим на Тер Штеген

Нема место за Меси во идеалниот тим на Тер Штеген

Голманот на Барселона, Марк-Андре тер Штеген, открил кои соиграчи му оставиле најголем впечаток. Голманот во досегашната кариера бранел во Менхенгладбах, барселона и германската репрезентација.

Тимот составен од фудбалери кои му биле соиграчи на Тер Штеген, во формација 4-4-2 изгледа вака.

Голман: Јанис Бласвих
Одбрана: Џорди Алба, Џерар Пике, Антонио Ридигер, Дани Алвес
Среден ред: Серхио Бускетс, Чави, Андрес Иниеста, Френки де Јонг
Напад: Марио Геце, Марко Ројс

Интересен е изборот на Тер Штеген во нападот. Во „неговиот“ тим нема место за седумкратниот освојувач на Златната топка, Лионел Меси, односно за третиот најдобра стрелец во историјата на Барселона, Луис Суарез.

Не е тајна дека Германецот никогаш не бил пријател со Меси.

„И покрај тоа што немаме исти ставови, секогаш имавме исти цели и заеднички работевме на нивно остварување“, напишал во минатото, на социјалните мрежи, Тер Штеген.

> Нема место за Меси во идеалниот тим на Тер Штеген <

Можете да прочитате

Легендарниот аргентински бек стави крај на репрезентативната кариера

Алкараз се враќа на терените – пријавен е за УС Опен

Бекам заработи 25 милиони долари за време на Светското првенство во 2026 година, Шакира 20, Бибер 16 милиони долари