Утрински Весник
Свет

Потресна фотографија од Лавов: 109 колички за 109 убиени деца на главниот плоштад

Потресна фотографија од Лавов: 109 колички за 109 убиени деца на главниот плоштад

Канцеларијата на главниот државен обвинител соопшти дека досега се повредени најмалку 130 деца во Украина. Тие додаваат дека 439 училишта биле погодени во руските напади и дека дури 63 биле целосно уништени.

Според медиумите во светот од првиот ден на руската инвазија на Украина, Русите убиле 109 деца. „Празните колички на плоштадот Ринок денеска ги симболизираа животите на малите ангели. Сега го бранат украинското небо наместо решителни акции на светот“, напиша Андреј Садовиј.

Инаку, од почетокот на руската инвазија тие упорно тврдеа дека не напаѓаат цивилни објекти. Меѓутоа, фотографиите кои секојдневно пристигнуваат од Русија покажуваат поинаку, стои во новинарските записи.

Аналзиираат исто така дека руските војници неодамна бомбардирале театар во Мариупол каде се криеле околу 1.000 Украинци, меѓу кои и голем број деца. Украинците дошле на идеја да го напишат зборот „Деца“ пред и зад театарот, за да им сигнализираат на Русите дека се најмлади и да не го бомбардираат засолништето, но тоа според извештаите, не ги спречило руските сили.

Можете да прочитате

На 25 септември Ердоган оди на гости кај Трамп

Зеленски: Тројца убиени и десетици ранети во рускиот напад со дронови и ракети врз Украина

САД нападнаа брод кој превезува дрога, објави Трамп