Утрински Весник
Култура

Остен биенале на цртеж – изложба на Марија Павловска

Остен биенале на цртеж – изложба на Марија Павловска

„Остен“ започна претставување на уметниците учесници на овогодишното „Остен биенале на цртеж Скопје 2022“ со проектот на Марија Павловска „Г-ѓа и г-ца Х“.

Денеска во Галерија Остен беше претставен мултимедијалниот проект „Г-ѓа и г-ца Х“ на македонската и интернационална уметница.

Проектот се состои од изложба на полиптих од 32 дигитални дела (50 х 50 цм, секое) и видео како составен дел од изложбата.

Истовремено, од страна на „Остен“ беше изготвена графичка мапа од 12 избрани дела од проектот „Г-ѓа и г-ца Х“ во едиција од 5 копии и со нивното потпишување уметницата Павловска стана дел од групата на интернационални уметници чии графички мапи ја сочинуваат единствената Библиотека на графички мапи „Светско културно наследство“ во издание на Остем Скопје.

Циклусот од 32 дигитални дела и видео наречен „Г-ѓа и г-ца Х“ на Павловска е ехо на исклучително силната женска енергија на авторката, која ја претставува повеќеслојната комплексна природа на женскиот елемент – од жената како Мајката Земја до жената г-ѓа и г-ца Х – како рамноправен субјект на современото општество со комплетно задржани атрибути на женственост.

Три елементи доминираат во оваа серија – жицата, кругот и ѕидот.

Жицата – како симбол на нескршливост, која добива форма на безброј кругови, правилни и неправилни (симбол на безброј одлуки во животот на жената), но секогаш совршени (како кругот), како и нивните рефлексии (сенки) врз белата површина од ѕидот – континуираните препреки и предизвици во животот на секоја жена.

Видеото (кое е дел од изложбата) со звукот и подвижните слики – само визуелно го надополнува моментот на повеќедимензионалнот и комплексност на жената и нејзината трансформација. Моментот на трансформација во овој проект има универзално значење зашто еднакво важи за трансформацијата на жената во текот на нејзиниот живо во оваа, земна димензија, како и за трансформацијата на жената во текот на целата историја на човештвото.

Уметничко патување на Павловска започнува уште од рана возраст. Родена во Скопје, Македонија (Југославија), по студиите започнала резиденција и имала самостојни изложби во Париз, Берлин, Словенија, Виена, Белград, Загреб, Сараево, Нирнберг (Германија) и Њујорк. По нејзиното прво соло во Њујорк во 2007 година, таа живее во Њујорк и продолжи да биде активна на њујоршката уметничка сцена и на меѓународно ниво. Нејзини дела се претставени низ целиот свет на преку 30 самостојни изложби и повеќе од 100 групни меѓународни изложби. Нејзините уметнички дела се претставени во многу списанија, написи во весници и каталози на музеи и галерии ширум светот.

Текстот Остен биенале на цртеж – изложба на Марија Павловска е превземен од МАКФАКС.

Можете да прочитате

Се заострува режимот за градби во старото градско јадро на Охрид 

Костадиновска-Стојчевска: Со отворена соработка со УНЕСКО и заеднички активности ќе го штитиме природното и културното наследство во Охрид

19 романи избрани во првата селекција за наградата „Роман на годината“