Утрински Весник
Свет

Метју Палмер повеќе не е претставник на САД за изборните реформи во БиХ

Метју Палмер повеќе не е претставник на САД за изборните реформи во БиХ

Американскиот функционер Метју Палмер повеќе не е специјален претставник на американскиот претседател задолжен за реформирање на Изборниот закон на БиХ, пишува сараевскиот портал „Кликс“.

Повикувајќи се на своите сознанија, „Кликс“ пишува дека јавноста наскоро треба да дознае кој ќе го замени на тоа работно место, односно кој американски функционер ќе и се придружи на Анџелина Ајхорст, претставничка на Европската унија во мисијата за промена на Изборниот закон на БиХ и приближување на позициите на политичките лидери за изборните реформи.

Во последните месеци Палмер работеше со Ајхорст и политичари од БиХ на измените на изборното законодавство, но без никаков успех, потсетува порталот.

Можете да прочитате

Трамп најавува „некаков вид дивиденда“ за Американците од новите царини

Голем корупциски скандал во Украина – краделе од тендерите за набавка на дронови

Над 10.000 хотели од ЕУ поднесоа тужба против Booking