Утрински Весник
Македонија

Променливо облачно со сончеви периоди

Најниската температура утрово е измерена во Берово од -3 степени, -1 во Попова Шапка, Претор, Битола, 0 во Маврови Анови, Охрид, 1 во Скопје-Петровец, Крива Паланка, Тетово, Прилеп, Штип, Струмица, Гевгелија, Kрушево, 2 степени во Виница, Куманово, Дојран, 3 во Скопје-Зајчев Рид, Демир Капија.

Денеска времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен правец, особено во западните делови. Во текот на ноќта во североисточните и источните делови ќе има слаб локален дожд.

Максималната температура ќе биде во интервал од 11 до 17 степени.

Во Скопје, ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Во текот на ноќта ќе има слаб повремен дожд. Максималната температура ќе достигне до 15 степени.

Можете да прочитате

Средба на Сиљановска-Давкова со Луис Гарсија Монтеро, директор на Институтот „Сервантес”

Сопственичка на кравите од Кривопаланечко заработи кривична, им се заканувала на инспектори од АХВ

Малолетници нема да смеат да возат електрични тротинети, поднесени се законски измени