Утрински Весник
Свет

Небензја: Воената операција ќе заврши кога ќе ги исполниме целите

Небензја: Воената операција ќе заврши кога ќе ги исполниме целите

Руската специјална воена операција во Украина ќе биде завршена кога ќе се постигнат нејзините цели, изјави за новинарите постојаниот претставник на Русија во ОН, Василиј Небензја.

„ Кога ќе се постигнат целите на специјалните воени операции, тие ќе престанат“, нагласи Небензја, пренесува Тасс.

Запрашан кога ќе се постигне генерален прекин на огнот, Небензја вчера рече дека тоа „ќе се случи кога ќе се исполнат условите поставени од Русија“.

„ Тие услови се демилитаризација, денацификација на Украина, отсуство на каква било закана што би дошла до Русија од територијата на таа земја. Нема влез во НАТО“, рече Небензја, пренесе Тасс.

Можете да прочитате

Зеленски го потврди тридневното примирје со Русија и размената на 1.000 затвореници

Рубио: Очекувам Иран да достави сериозен предлог за прекин на огнот

САД ги објавија првите тајни документи за НЛО