Утрински Весник
Свет

Жителите на Киев се молат и чекаат да дојде војната

Жителите на Киев се молат и чекаат да дојде војната

Новинарка на Би-Би-Си го опиша расположението во центарот на Киев.

Таа од главниот град на Украина пријавила дека за време на „темната утринска богослужба во катедралата Свети Владимир“ видела двајца украински војници како стојат меѓу луѓето, облечени во маскирни униформи и со сина лента околу рацете.

– Околу 15 до 20 припадници на Брзата помош, во своите сини униформи, се молеа додека палеле свеќи пред иконите.

Еден од нив рече дека дошле во катедралата бидејќи не знаеле што ќе се случи следната недела.

Со напредувањето на руските војници кон главниот град, се чини дека сите чекаат да дојде војната – напиша Бурема.

Можете да прочитате

Прв случај во светот: Пациент во Франција почина по зараза со добиточниот вирус Шамонда

Голема британска банка отпушта 5000 работнции, дел ќе бидат заменети со АИ

Германската армија предупредува на сериозна закана од руска саботажа