Утрински Весник
Македонија

Oдбележани 79 години од депортацијата на македонските Евреи во Tреблинка

Oдбележани 79 години од депортацијата на македонските Евреи во Tреблинка

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, денеска организираше прием за претставници од Еврејската заедница по повод одбележување 79 години од депортацијата на 7.144 македонските Евреи во 1943 година.

На приемот присуствуваа и амбасадорката на Израел во Македонија, Н.Е. Симона Франкел и претседателот на Еврејската заедница во РМ, Пепо Леви.

Амбасадорката на Израел, Н.Е. Симона Франкел и претседателот на Еврејската заедница, Пепо Леви, изразија благодарност до градоначалничката Арсовска, за почитта што секоја година Градот Скопје му ја оддава на еврејскиот народ одбележувајќи го овој датум, за да се запамети и никогаш да не се заборави.

Можете да прочитате

Сексуален напад во Затворот во Штип: Осуденик пријавил дека бил силуван од друг затвореник

Зајкова: Отворените листи се можност граѓаните сами да ги избираат своите претставници, а не партиските лидери

ТИТАН Усје со нов портал за животна средина ја зајакнува транспарентноста и ќе објавува средно-дневни вредности од емисиите