Утрински Весник
Свет

Министерството за одбрана на Украина: Путин планира терористички напад на нуклеарната централа во Чернобил

Министерството за одбрана на Украина: Путин планира терористички напад на нуклеарната централа во Чернобил

Министерството за одбрана на Украина тврди дека Владимир Путин планира терористички напад врз нуклеарната централа во Чернобил, која е под руска контрола.

Нуклеарната централа моментално е целосно исклучена од мониторинг системите на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) и е без струја.

„Русија го одби пристапот до станицата на украинските сервисери. Наместо тоа, ‘белоруски експерти’ отидоа таму по инструкции на Александар Лукашенко. Меѓу нив има и руски диверзанти кои организираат терористички напад“ – според Главната управа за разузнавање на Министерството за одбрана.

Можете да прочитате

Убиен командант на военото крило на Хамас

Путин оди во дводневна посета на Кина

САД се закануваат со воена интервенција поради блокадата на Ормускиот теснец