Утрински Весник
Магазин

Ники Минаж во одбрана на Бритни Спирс по негативен коментар на социјалните мрежи

Ники Минаж во одбрана на Бритни Спирс по негативен коментар на социјалните мрежи

Ники Минаж застана во одбрана на Бритни Спирс и ја нарече најдобрата танчерка откако поп-ѕвездата откри дека луѓето се потсмеваат на нејзините потези кога игра.

40-годишната Бритни (The Oops!… I Did it Again) во неделата на својот Инстаграм-профил сподели едно од нејзините познати видеа на кое игра и напиша: „Знам дека не сум најдобрата танчерка, многу луѓе се потсмеваат на начинот на кој се движам, но искрено се додека се движам и го изразувам своето тело надворешно на некој начин во овој момент… тоа е исцелување за мене!!!’

Ова ја поттикна раперката Ники (39) да ѝ даде комплимент и воедно да одговори на еден негативен коментар.

Ники реагираше на коментар на фан, кој напишал: „Бритни! Врати ја круната и оставија таму!!!

Таа не дозволи Бритни да заборави дека е танцувачка кралица, пренесуваат таблоидите, додавајќи дека под коментарот од фан таа напиша: Бритни, ти си најдобрата танчерка!!!“.

Можете да прочитате

Италија е најдобрата туристичка дестинација за „соло“ патувања во 2026 година

Во Италија е регистриран прв случај на зависност од вештачка интелигенција

Поради повисоките трошоци, сè повеќе сопственици на возила го одложуваат сервисот за поправки