Утрински Весник
Спорт

Нов кикс на Баерн – Леверкузен освоија бод во Минхен

Нов кикс на Баерн – Леверкузен освоија бод во Минхен
Dik 300x250 mk

Баерн Минхен не успа да го победи Баер Леверкузен, во дерби мечот, одигран во рамките на 25.коло,во Бундес лигата.

Баварците доминираа, упатија 18 удари кон голот на Леверкузен, но само еден од нив заври во мрежата. Зуле, во 18.минута, го совлада гостинскиот голман. Леверкузен израмнија во 36.минута, кога Томас Милер си постигна авто-гол.

Баерн останаа лидер на табелата со 59 бода, девет повеќе од Борусија Дортмунд, која има и натпревар помалку. Леверкузен се трети со 45 бода.

Резултати:

Лајпциг-Фрајбург 1:1
Херта-Ајнтрахт 1:4
Бохум-Гројтер Фирт 2:1
Волфсбург-Унион Берлин 1:0



> Нов кикс на Баерн – Леверкузен освоија бод во Минхен <

Можете да прочитате

Јамал, Дембеле и Салах номинирани за наградата „Најдобар“ на ФИФА

Ѓоковиќ го победи Борхес и се пласираше во полуфиналето на турнирот во Атина

Милевски повика 28 фудбалери за средбите со Летонија и со Велс