Утрински Весник
Македонија

Касами реизбран за претседател на Беса: „Уште посилно ќе се занимаваме со проблемите на граѓаните“

Касами реизбран за претседател на Беса: „Уште посилно ќе се занимаваме со проблемите на граѓаните“

Лидерот на Беса, Билал Касами, како единствен кандидат е резизбран за претседател на политичката партија по вториот партиски конгресшто се одржа денеска во Скопје.

Заменик претседател на Беса ќе биде досегашниот генерален секретар Аријанит Хоџа.

Во изјава за медиумите Касами рече дека во иднина партијата ќе продолжи уште посилно да се занимава со проблемите на граѓаните.

„Ќе се залагаме за еднаквост, слобода и за продолжување на патот кон целосна интеграција на Македонија во ЕУ. Особено по последните случувања во Украина, ќе треба да се залагаме за целосно зачленување во ЕУ, затоа што само така ќе бидеме побезбедни и ќе можеме да создадеме подобра иднина“, порача Касами.

Првиот човек на Беса истакна и дека партијата ќе се заложи за што поскоро одржување на предвремени избори. Оваа власт, како што рече Касами, не е подготвена да ги заштити интересите на граѓанитe.

Можете да прочитате

Вонредна вест: Врие од полиција во Прилеп – пресметка помеѓу две поголеми групи (ВИДЕО)

Левица: Касами делел тендери од 100.000 евра на фирма-донатор на БЕСА

Шест лица со симптоми на труење по семинар во ресторан во Куманово, двајца се хоспитализирани