Утрински Весник
Македонија

Претрес кај тетовец кој нелегално реемитувал тв канали, пронајдено и оружје

Претрес кај тетовец кој нелегално реемитувал тв канали, пронајдено и оружје

Полицијата го приведе 56-годишниот тетовец Ѓ.Т., по претходно добиени сознанија дека препродавал, односно реемитувал ТВ-канали без потребната лиценца на заинтересирани поединци и им наплаќал паричен надоместок.

При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и со потврда одземени: 11 дримбоксови, 3 компјутерски куќишта, пиштол “ТТ” со рамка и 124 куршуми калибар 7, 62 милиметри, ловечка пушка “дамас” со 45 куршуми калибар 12 милиметри, 2 мобилни телефони.

Тој е задржан во полициска станица и во координација со Јавен обвинител ќе му бидат изготвени соодветни поднесоци.

Можете да прочитате

Утре на стрелиштето „Бејбунар” во Охрид ќе се спроведе вежбовно гаѓање со боева муниција

Кривични пријави за вработен во „Галичица“ и превозник од Битола поради незаконски транспорт на дрва

Во гостиварско четири лица затекнати како вршат нелегален ископ барајќи злато