Утрински Весник
Македонија

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ ја замајува јавноста со измислени афери за работата на МВР

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ ја замајува јавноста со измислени афери за работата на МВР

Немајќи што друго да понуди, немајќи идеи и проекти за граѓаните, ВМРО-ДПМНЕ продолжува да измислува непостоечки скандали, реагира владејачкиот СДСМ по објавата на опозициската партија дека МВР дало најмалку 1,6 милиони евра тендери на фирмата на Милорад Додик.

„Јавните набавки за опрема за Министерството за внатрешни работи се во согласност со законите и процедурите.

Како што објави и Министерството, избраниот понудувач е констатирано дека ги доставил сите барани документи согласно Закон за јавни набавки и истиот немал изречено забрана за учество по никој основ уреден во Законот за јавни набавки.

Сите услови и спецификации кои се побарани во јавната набавка се исполнети и не постои никаква можност за злоупотреба.

Но овој демант од официјална институција не е доволен за ВМРО-ДПМНЕ, па од белиот дворец и понатаму шират лажни вести за работата на МВР.

По кој знае кој пат се потврдува дека ВМРО-ДПМНЕ не може да понуди ништо освен блокади, лажни вести и конструкции“, се наведува во реакцијата на СДСМ.

Можете да прочитате

Ковачки: Целото јавно обвинителство треба да се ,,издига на клоци”.

Мицкоски го правда Фетаи: Уште го учи македонскиот јазик оти се иселил на шест години

Меџити се сретна со американската амбасадорка Агелер: Соработка за заштита и одржлив развој на Охридското Езеро