Утрински Весник
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Власта иако знаела за војната не набавила ниту пченица, ниту гориво на време

ВМРО-ДПМНЕ: Власта иако знаела за војната не набавила ниту пченица, ниту гориво на време

Власта иако знаеле за војната не набавила ниту пченица, ниту гориво на време, затоа сега ќе има редици пред маркетите и бензинските, велат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение.

Од партијата тврдат дека Владата и Стево Пендаровски знаеле уште на 8 ноември дека ќе има војна во Украина со Русија и не преземале ништо за да ја подготват државата со зголемено ниво на стокови резерви и план при криза.

„Во изминативе неколку дена слушнавме три изјави на високи државни функционери дека стоковите резерви се полни, па ако не се да се наполнат, па пак дека се полни, за на крај претседателот на Република Србија да каже дека дава 50.000 тони пченица и 25.000 тони пченка за Македонија. Што правела владата и Пендаровски и зошто не преземале ништо за полнење на државните резерви? Зошто до сега не се пуштени резерви во оптек, доколку ги имало за да не се покачат цените на ниво како што се сега?

Доколку властите знаеле за војната, зошто не набавиле доволно гориво, и гас, туку во ек на зима се соочувавме со недостатоци? А најлошото заради нивната неспособност допрва доаѓа.

Доколку Пендаровски и владата знаеле за војната зошто не направиле план за извлекување на нашите државјани, туку наместо тоа го повлекоа персоналот, а ги оставија луѓето во опасност?“, праша ВМРО-ДПМНЕ.

Опозицијата додаде дека Пендаровски и владата треба да одговорат што презеле до сега, и зошто дозволиле состојбата да дојде до оваа драматична точка.

Можете да прочитате

Украинскиот премиер поднесе оставка – 24info.mk

МВР: Објавен технички дијалог за набавка на нови теренски униформи

Регионалниот проект за упрaвување со цврст отпад во земјава, финансиран од ЕБОР, добива дополнително финансирање