Утрински Весник
Свет

Кина: Санкциите кон Русија не се најдоброто решение

Кина: Санкциите кон Русија не се најдоброто решение

Кина никогаш не ги сметала санкциите за најдобар начин за решавање на проблемите, соопшти денеска Министерството за надворешни работи како одговор на прашањето дали Пекинг ќе им се придружи на западните земји во воведувањето санкции кон Русија поради Украина.

Портпаролот на министерството Хуа Чунјинг изјави за новинарите во Пекинг дека Кина се надева дека релевантните страни ќе се обидат да ги решат проблемите преку дијалог и дека ќе останат смирени и ќе покажат воздржаност, пренесува Ројтерс.

Неколку западни земји, како и ЕУ, Јапонија и Австралија, воведоа санкции кон Русија откако рускиот претседател Владимир Путин потпиша декрети за признавање на самопрогласените Доњецка Народна Република (ДНР) и Народна Република Луганск (ЛНР).

Рускиот парламент му дозволи на претседателот Путин да користи воена сила надвор од Русија, поради што Запад стравува дека Москва планира целосна инвазија.

Можете да прочитате

Добил сметка за телефон од 37.621 евра поради интернет во роаминг – корисникот тврди едно, операторот друго

Германија на пат кон строга забрана за пушење во возила со деца или бремени жени

На 25 септември Ердоган оди на гости кај Трамп