Утрински Весник
Магазин

Човек со години живее на остров што сам си го изградил

Човек со години живее на остров што сам си го изградил

Шедоу повеќе од 17 години живее на пловечки остров во Виџон Слу, Канада, кој самиот го изградил од зачувани материјали и фрлени работи.

„Експлоринг алтернативсго посети Канаѓанецот, кој им го покажа својот дом и објасни зошто го направил и како живее во него.

Својот остров го нарекува Nowhere island, а главна мисија му е да ја заштити животната средина. Како што изјавил претходно во едно интервју, животот во градот му здосадил и сакал да направи нешто подобро. Така добил идеја сам да изгради остров што подалеку од градот.

На своето мало островче, Шедоу изградил две куќи, голем кокошарник, градина и магацин.

Сака да живее одржливо и еколошки. Во зима собира огревно дрво од реката, сам си одгледува свежа храна во градината и собира свежа вода од блискиот извор.

Секој дел од островот плови независно со свој невмрежен соларен панел кој обезбедува електрична енергија. На тој начин, ако островот претрпи последици за време на бура, електроенергетскиот систем нема да се оштети.

Можете да прочитате

Екстремно опасни каскадерски предизвици во полуфиналето на адреналинското шоу ТРИУМФ

Александра Тадиќ – Ципка си купи гробно место: Споменикот е веќе поставен, со нејзиното име и слика

Пи Диди уапсен поради трговија со луѓе