Утрински Весник
Свет

(Видео) Огромен верижен судир на автопат во Војводина, најмалку еден загинат

(Видео) Огромен верижен судир на автопат во Војводина, најмалку еден загинат

Едно лице загина, а неколку се повредени во верижен судир на триесетина возила на автопатот Нови Сад – Белград, што се случил утринава, јавува Радио телевизија Војводина.

До судирот дошло на околу километар од наплатната рампа „Стара Пазова“ во правец кон Белград поради, како што јави репортерот на РТВ, магла и слаба видливост на тој дел од автопатот.

Сообраќајот е целосно во прекин од правец на Нови Сад и пренасочен кај Инџија на стариот пат, па се создал голем сообраќаен метеж во местото Стара Пазова.

Фотографиите и снимките од местото на несреќата покажуваат искршени автомобили и камиони зад кои се формира километарска колона од застанати возила. На повредените им помогнале екипи на брзата помош и противпожарни служби испратени на местото на несреќата, а полицијата врши увид по затворањето на патот.

На местото на настанот се испратени бројни возила на брзата помош, а полицијата отвори истрага за несреќата.

Можете да прочитате

Њујорк Тајмс: САД размислуваат за нов голем напад врз Иран

Русија ја нападна Украина со 136 дронови

Над 100.000 Украинци не знаат дали ќе можат да останат во Америка