Утрински Весник
Свет

Захарова: Лавров и Ле Дриан во понеделник разговараат на телефон

Захарова: Лавров и Ле Дриан во понеделник разговараат на телефон

Министрите за надворешни работи на Русија и Франција, Сергеј Лавров и Жан-Ив Ле Дриан утре ќе разговараат телефонски, изјави портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова.

– Во согласност со договорите, Сергеј Лавров денеска беше подготвен да разговара со својот француски колега. Ле Дриан не можеше. Значи, телефонскиот контакт е закажан за понеделник – изјави таа за ТАСС.

Францускиот претседател Емануел Макрон и неговиот руски колега Владимир Путин денеска се договорија да дозволат во наредните часови да се одржи состанок на работната група со цел да се постигне примирје на линијата за контакт во Украина, соопшти Елисејската палата.

Според официјален Париз, Путин и Макрон силно се обврзале да ги преземат сите корисни активности со цел да се избегне ескалација, да се намалат ризиците и да се зачува мирот.

Можете да прочитате

Топлотен бран беснее низ Европа: Црвен аларм во Британија

ОН почнуваат евакуација на бродови заглавени во Персискиот Залив

ОН: Израел намерно ги напаѓал децата во Појасот Газа