Утрински Весник
Свет

Ердоган и Путин ќе се сретнат во наредните денови

Ердоган и Путин ќе се сретнат во наредните денови

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во наредните денови ќе разговара со Путин за ситуацијата во Украина.

Целта на разговорите, како што соопштија од неговиот кабинет, е смирување на тензиите.

– Предлогот на нашиот претседател за средбата на лидерите на Русија и Украина е всушност најважниот и најконкретен предлог за надминување на оваа криза.

Напорите на нашиот претседател да го стори тоа се во тек. За време на нашата неодамнешна посета на Украина, ова беше разговарано со Зеленски.

Слично на тоа, претседателот Ердоган го покрена ова прашање во телефонски разговори со Путин.

Во наредните денови ќе има уште еден телефонски разговор – изјави портпаролот на Ердоган Ибрахим Калин.

Можете да прочитате

Од денеска нови правила во ЕУ за PFAS во амбалажата за храна

Путин најави реципрочни мерки доколку ЕУ почне да конфискува руски бродови од „флотата во сенка“

Американците должат 1,26 билиони долари на кредитни картички